#ФудбалНаПрва е иницијатива покрената од фудбалскиот клуб Осогово на социјалните мрежи како и поддржана од повеќето фудбалски клубови, фанови и љубители на играта. Идејата за покренување на овој предизвик е да се подигне свеста кај националните медиумски куќи за промовирање на домашното фудбалско првенство, кај компаниите за можност за тв реклама и спонзорства и поддршка во клубовите како и можност фановите и публиката да бидат подобро запознаени со квалитетот на екипите, играчите и самото првенство.

Ова не е само повик и предизвик до Медиумските ТВ компании и Фудбалската Федерација на Македонија да се вклучат со преноси на Телевизија туку и самите клубови активно да учествуваат во реализација на истите.

За потреби и организација на еден тв пренос потребна е и инфраструктура, позиција за камери, стабилна конекција и приклучок како и обезбедување на медиа корнер за земање на изјави на играчите,  пред и по натпревар и конференциска сала за официјални изјави и соопштенија од клубовите, со самото прифаќање на оваа идеа клубовите се обврзуваат да го организираат целиот процес за непречено овозможување на потребните тв преноси.

Засега овој предизвик и идеја е поддржана од следните фудбалски клубови:

Што бараме ?

  • Пренос или мултипренос од 1.МФЛ, Купот на Македонија како и преглед на најинтересните инсерти од 2 МФЛ
  • Пренос од меч/дерби на колото со повеќе камери и мултипренос од останатите натпревари со минимум 2 камери
  • Отворено студио со предвидена програма пред и по секое коло, можност за гостување на експерти, фудбалери, фанови
  • Посебен преглед на лигата со статистики
  • Преглед на колото со избор на најдобри во одредени категории
  • Интерактивност и игри со гостите и гледачите
  • Промовирање на македонскиот фудбал

Што добиваме ?

  • Поголема гледаност на фудбалските натпревари
  • Спонзори и повеќе финансии во фудбалските клубови, но и кај ТВ куќите кои пренесуваат
  • Подобрување на инфраструктурата на стадионите
  • Подобрување на квалитетот на фудбалот во македонија
  • Враќање на публиката на стадионите
  • Интеракција помеѓу клубовите и гледачите

Ние ги поздравуваме досегашните напори на ФФМ и „Продукција Скендеровски“ за обезбедување на интернет стриминг, но тоа не ги исполнува комплетните достигнувања што може да ги овозможи една професионална државна фудбалска федерација во соработкла со јавен ТВ сервис. Бараме публиката да биде по упатена и директно вклучена во играта која сите ја сакаме и не обединува! 

Биди дел од кампањата! Поддржи не!

Сите фудбалски клубови и личности кои сакаат јавно да не поддржат во оваа идеја ги повикуваме да го сторат тоа со користење на хаштагот #ФудбалНаПрва на социјалните мрежи  и да се приклучат на твитер со предлози и коментари како и да го следат целиот прогрес на овој предизвик до повиканите јавни ТВ сервиси и ФФМ.

контакт: fudbalnaprva@gmail.com

коментирај: #ФудбалНаПрва

Партнери